Македонија Горазд Росоклија е новиот претседател на Одборот за акредитација на високото образование

Горазд Росоклија е новиот претседател на Одборот за акредитација на високото образование

Академикот Горазд Росоклија е новиот претседател на Одборот за акредитација и за евалуација на високото образование, кој е надлежен за оценување на квалитетот на високото образование во Македонија.

Од 23 членови на Одборот, девет се од редот на професорите избрани од Интеруниверзитетската конференција, двајца членови се од Македонската академија на науките и на уметностите, еден е претставник на најрепрезентативното тело на работодавците, два члена се од интеруниверзитетскиот парламент на студентите и девет члена се именувани од Владата (од кои најмалку шест од професорите на високообразовните установи).

Во согласност со член 70 од Законот за високо образование, новиот состав на одборот има 23 члена, со мандат во траење од четири години. За претседател на одборот, од страна на членовите, е избран академик Горазд Росоклија.