Дописници Горан Милевски е единствен кандидат за пратеник на ЛДП од Битола

Горан Милевски е единствен кандидат за пратеник на ЛДП од Битола

Горан Милевски е единствениот кандидат за пратеник на Либерално-демократската партија (ЛДП) од Битола што општинската огранизација на партијата го предложила за петтата изборна единица.

Милевски се очекува да биде меѓу првите на листата на опозицијата предводена од СДСМ.

Меѓу битолчани сè погласно се зборува дека Милевски ќе биде и носител на листата во петтата изборна едница, со оглед дека е лидер на партија.

Сепак, од битолскиот разгранок на партијата за „Мета“ велат дека тоа веројатно ќе се решава со коалициски договор меѓу ЛДП и СДСМ на највисоко ниво, а не во Битола, како и тоа дека ЛДП не инсистира нејзин кадар да биде носител на листата во петтата изборна единица.