Спорт Голужа: Ова е балканско дерби, шансите се еднакви

Голужа: Ова е балканско дерби, шансите се еднакви

Хрватска и Македонија со три победи по првите три кола утре ќе имаат меѓусебен дуел за првото место во групата.

Селекторот на Хрватите, Славко Голужа, смета дека шансите се еднакви и на двете селекции.

– За Македонија не треба многу да се трошат зборови. Тоа е збир на играчи кои во текот на целата година се заедно, момците доаѓаат од два клуба, Вардар и Металург, со исклучок на два-три ракометари. Имаме голема почит кон Македонија, ова е дерби на Балканот. Ги почитуваме, но не се плашиме од никого, влегуваме опуштени и сакаме да одиграме најдобро што можеме. Искрено, шансите ни се еднакви – вели хрватскиот селектор.