Македонија Голем шумски пожар ја зафати Скопска Црна Гора

Голем шумски пожар ја зафати Скопска Црна Гора

Голем шумски пожар ја зафати Скопска Црна Гора, а во моментов екипи на противпожарната бригада се на терен.

„Поголема шумска површина гори од 12 часот, а нашите екипи се на терен и сè уште го гаснат пожарот. Се работи за место над селата Булачани и Раштак“, изјавија за „Мета“ од противпожарната бригада.

Чадот од запалената површина може да се забележи и од некои делови на Скопје.