Свет Голем пожар во Манила,15.000 лица останаа без покрив над глава

Голем пожар во Манила,15.000 лица останаа без покрив над глава

Околу 15.000 жители на дива населба во Манила останаа без покрив над глава во пожар кој избил во текот на ноќта, соопштија локалните власти.

Противпожарната служба соопшти дека пожарот, кој е изгасен, уништил 1.000 куќи во населбата Парола Кампаунд.

Седум лица се полесно повредени во пожарот.

Сместување, храна и вода се обезбедени за околу 3.000 семејства кои останале без дом.
Пожарот избил синоќа и бргу се проширил во населбата, а привремено го блокирал и сообраќајот.