Свет Голем број жртви во експлозија во близина на џамија во Латакија

Голем број жртви во експлозија во близина на џамија во Латакија

Во експлозија на бомба во близина на џамија во сирискиот крајбрежен град Латакија, убиени и ранети се голем број луѓе, објави сириската државна телевизија.

Информацијата ја објави и либанската телевизија „Ал Манар“, која е под контрола на Хезболах.

Сирискиот ТВ-канал „Ихбарија“ ја опиша експлозијата како терористички напад и додаде дека се случила во близина на центарот на градот, додека луѓето излегувале од молитва во џамија.

Во западниот дел на Латакија се наоѓа руска воена база од која се изведуваат воздушни напади на положбите на Исламска држава и други џихадисткички групи во Сирија.