Свет Балкан Голем број сириски бегалци чекаат да влезат во Албанија

Голем број сириски бегалци чекаат да влезат во Албанија

Голем број сириски бегалци чекаат да преминат во Албанија, соопшти денеска албанскиот министер за интеграција, Клајда Ѓоша.

Мигрантите, кои досега не одеа во Албанија, се обидуваат да пронајдат нова рута за да стигнат до северот на Европа.

Според Ѓоше, доаѓањето на бегалците на албанско-грачката граница најверојатно е резултат на одлуката на Македонија од минатиот викенд да го запре примањето на авганистански мигранти од Грција, како и да воведе построга контрола за Сиријците и за Ирачаните.

– Известен сум дека голем број Сиријци чекаат да влезат во Албанија – рече Ѓоша, но не наведе за колкав број мигранти станува збор.