Uncategorized Голем број битолчани Новата година ја прославија на плоштадот Магнолија

Голем број битолчани Новата година ја прославија на плоштадот Магнолија

На -7 Целзиусови степени, битолчани вчеравечер, за дочекот на Нова година, се забавуваа на плоштадот Магнолија.

Нив ги имаше во голем број, од деца до возрасни. Граѓаните што решија да ја прослават Нова година на плоштадот Магнолија, прво уживаа во народните песни на битолската група „Боеми“, на Борче Наумовски и на Сејфедин, а потоа забавата продолжи со хитовите на групите „Памперси“ и „Паркети“, за на полноќ да кулминира со песните на поп-пејачката Калиопи.

– Оваа публика го заслужува најдоброто, а најдоброто се случува кога е сè од срце. Јас не ја почувствував ниската температура бидејќи народот беше мојата топлина – рече Калиопи.

А.Б.