Спорт Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на „Австралија опен“

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на „Австралија опен“

Тенисерот Новак Ѓоковиќ, откако го совлада Андреј Кузњецов од Русија со 6-0, 6-1, 6-4, се пласира во третото коло на Отвореното првенство на Австралија.

Во следната рунда тој ќе се сретне со Шпанецот Фернандо Вердаско, кој во три сета беше подобар од Јапонецот Соеда.

Место во третото коло од фаворитите обезбедија и Фелисијано Лопез, Кеи Нишикори, Станислас Вавринка и Давид Ферер.