Спорт Ѓоковиќ се откажа од финалето во Абу Даби

Ѓоковиќ се откажа од финалето во Абу Даби

Поради настинка и зголемена телесна температура, најдобриот тенисер на светот за 2014 година, Новак Ѓоковиќ, нема да го одигра финалниот натпревар на егзибицискиот турнир во Абу Даби. Тој требаше да се сретне со  Шкотланѓанецот Енди Мареј.

Ѓоковиќ не сака ништо да ризикува пред првиот Гренд слем сезонава, „Австралија опен“, кој ќе се игра од 19 јануари до 1 февруари во Мелбурн.