Спорт Ѓоковиќ ја одбрани титулата на мастерс-турнирот во Индијан Велс

Ѓоковиќ ја одбрани титулата на мастерс-турнирот во Индијан Велс

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ја одбрани титулата на мастерс-турнирот во Индијан Велс, совладувајќи го во финалето Рожер Федерер, со 2-1 или по сетови 6-3, 6-7 и 6-2.

За Ѓоковиќ ова е четврти триумф на турнирот во Индијан Велс. Тој титулата најдобар ја понесе во 2008, 2011, 2014 и, сега, во 2015 година.

Финалето се играше 2 часа и 17 минути, а од вкупниот награден фонд, кој изнесува 5,4 милиони долари, победникот ќе добие 900.000 долари.