Кралицата Елизабета го прогласи за витез стогодишниот капетан Томас Мур

Кралицата Елизабета и Томас Мур / Фото: Royal.uk

Денес во замокот во Виндзор, кралицата Елизабета официјално го прогласи за витез стогодишниот воен капетан Томас Мур, информираше royal.uk.

Во април, ветеранот од Втората светска војна, капетанот Сер Том Мур покрена иницијатива за собирање средства за хуманитарни организации кои и помагаат на Националната здравствена служба во борба против корона вирусот. За таа цел, тој пешачеше во својата градина со првична цел да собере 1.000 фунти, но собра над 32 милиони фунти.

На денешната церемонија кралицата официјално му ја додели титулата витез на капетан Мур со мечот што му припаѓаше на нејзиниот татко, кралот Џорџ VI.