Спорт Новак и Серена прогласени за најдобри тенисери за 2014 година

Новак и Серена прогласени за најдобри тенисери за 2014 година

Меѓународната тениска федерација (МТФ) ги прогласи Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс за светски шампиони во тенис. Наградата се доделува на база на турнирите Гренд слем и на претставувањето на натпреварувачите во текот на годината.
За Серена Вилијамс ова е петти по ред пат  да ја добие оваа награда, а Ѓоковиќ ја добива по четврти пат, благодарение на седумте освоени титули сеозната. Вилијамс е на чело на ВТА-листата, а Ѓоковиќ е прв на АТП-листата третпат во последните четири години.
Браќата Боб и Мајк Брајан од САД беа прогласени за најдобри кај машките парови по 11. пат за 12 години, додека кај жените честа се падна на италијанската двојка Сара Ерани и Роберта Винчи трета година по ред. Во јуниорска конкуренција. најдобри за 2014 година се Американката Сиси Бејлис и Русинот Андреј Рубљев.