Спорт Ѓоковиќ го совлада Федерер за шесто финале на „Австралија опен“

Ѓоковиќ го совлада Федерер за шесто финале на „Австралија опен“

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, е првиот финалист на „Австралија опен“ откако во првото полуфинале го совлада Рожер Федерер со 3-1 (6-1, 6-2, 3-6, 6-3).

Денешното полуфинале на „Австралија опен“ беше 45. дуел меѓу Ѓоковиќ и Федерер, по кој српскиот тенисер има една победа предност во однос на швајцарецот, односно 23-22.

За Ѓоковиќ ова ќе биде шесто финале на „Австралија опен“. Негов противник ќе биде победникот од дуелот меѓу вториот носител Енди Мареј и канадскиот тенисер со црногорско потекло Милош Раониќ, кој се игра утре со почеток во 9.30 часот по средноевропско време.