Спорт Ѓоковиќ го помина Надал на вечната листа

Ѓоковиќ го помина Надал на вечната листа

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, денеска ја почнува 142. седмица на врвот на АТП-листата. Со тоа го помина Шпанецот Рафаел Надал, кој остана 141 седмица на првото место на АТП.

На прво место на листата е Рожер Федерер со поминати 302 седмици на првото место, по него е Пит Сампрас со 286 седмици, на трето место е Иван Лендл со поминати 270 седмици на прво место. На четвротото место е Џими Конорс со 268 недели, а на петто е Џон Мекинро со 170 седмици.

На најновата АТП-листа прв е Ѓоковиќ, втор Федерер, а по него следуваат Енди Мареј и Кеи Нишикори.