Свет Глави од крокодили најдени во фрижидер во Северна Австралија

Глави од крокодили најдени во фрижидер во Северна Австралија

Австралиската полиција истражува како 70 крокодилски глави завршиле во фрижидер, кој бил пронајден фрлен во близина на градот Дарвин, во северниот дел на земјата, јавува „Би-Би-Си“.

Фрижидерот, полн со коркодилски глави, бил принајден во неделата, од група тинејџери, зад редот продавници во градчето Хамти Ду.

Според информациите, главите припаѓаат на видот морски крокодили, кои се заштитен вид во Австралиската северна територија.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, во регионот постои незаконска трговија со крокодилски кожи, кои се користат за правење чанти и чевли.

Полицијата засега нема осомничени за тоа кој стои зад бизарниот настан.

Според австралиските закони, за убивање заштитени животински видови е предвидена парична казна од 76.500 австралиски, односно 56.000 американски долари или затворска казна од пет години.

Морските крокодили се најголеми од својот вид и можат да пораснат до седум метри во должнина и да достигнат до тежина од еден тон.

Се верува дека во австралиската дивина живеат околу 200.000 примероци, кои од 1970 година се прогласени за заштитен вид.