Македонија Ѓорчев на сведочењето за насилствата од 27 април: Некој сакаше да се...

Ѓорчев на сведочењето за насилствата од 27 април: Некој сакаше да се случат проблеми

Фото: Арбнора Мемети

Тој 27 април беше лош ден за Македонија. Кој е тој што доби, а кој изгуби? ВМРО-ДПМНЕ најмногу изгуби, а триесетина луѓе завршија на Голи Оток, рече на денешното сведочење за насилствата во Собранието на 27 април, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Според него, настаните на 27 април не биле исклучок туку голем план, бидејќи како што рече „некој сакаше да се случат проблеми“.

Денеска сведочеше и пратеникот Зеќирија Ибрахими кој за тоа што на седницата на 27 април ја испеа албанската химна, вели дека тоа било процедурално. Пеењето на македонската химна од страна на Крсто Мукоски, за Ибрахими, било провокација.

На денешното рочиште сведочат и пратениците Дафинка Јовановски, Ана Лашкоска, Ејуп Алими, Реџеп Исмаили и Теута Биљали. Сите сведочат по барање на обвинетиот Трајко Вељановски, кој заедно со Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски се обвинети дека ги организирале настаните од 27 април.