Свет Европа Германците не се задоволни од работата на Меркел

Германците не се задоволни од работата на Меркел

Најголем дел од Германците, 52 проценти, не се задоволни од работата на канцеларката Ангела Меркел во решавањето на бегалската криза, но само 19 проценти веруваат дека заради тоа таа ќе мора предвреме да ја напушти функцијата, покажа денешниот политички барометар на телевизијата ЗДФ.

Германците се поделени кога станува збор за тоа дали Германија ќе може да излезе на крај со толкав голем број бегалци.

Точно 50 проценти веруваат дека нема да може да се излезе на крај, а 47 проценти веруваат дека може, покажува анкетата според која, најголем дел од Германците, 63 проценти, сепак, мислат дека на тие што стекнале право на азил, треба да им се дозволи спојување на семејствата.