Свет Европа Германците имаат милијарди од некогашната валута марка

Германците имаат милијарди од некогашната валута марка

Германците сè уште имаат милијарди некогашни марки и повремено ги заменуваат за евра. Годинава од оптек се повлечени 98,7 милиони германски марки.

Многу години по воведувањето на еврото, некои Германци се носталгични спрема својата некогашна валута, а некои заборавиле дека чуваат марки.

Анкетата покажува дека 54 проценти од Германците имаат уште стари пари дома.

Нивната куповна вредност се проценува на околу 12,9 милијарди марки. Најголем дел од тие пари се надвор од Германија, соопштуваат од Сојузната банка во Франкфурт.