Македонија Германско МНР: Новата влада да се посвети на правото, медиумите, Договорот од...

Германско МНР: Новата влада да се посвети на правото, медиумите, Договорот од Пржино и на СЈО

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Германија денеска го поздрави изборот на новата влада на Македонија и посочи дека ќе мора да се спроведуваат итните реформи.

„Го поздравуваме изборот на новата Влада во ПЈР Македонија од страна на Собранието во Скопје. Поаѓаме од тоа дека новата влада сега решително ќе пристапи кон спроведување на итните реформи за надминување на политичката криза и за внесување нова динамика во евроатлантската интеграција на ПЈР Македонија“, се вели во писмената изјава.

Портпаролот на германското МНР посочува на итните задачи на новата власт.
„Задачите се јасни: Зајакнување на владеењето на правото, на слободата на медиуми и изразување, спроведување на Договорот од Пржино и зајакнување на работата на Специјалното јавно обвинителство. Притоа, Германија ќе му биде сигурен партнер на Скопје“, е пораката од германското МНР.