Свет Европа Германската влада усогласила мерки за азил

Германската влада усогласила мерки за азил

Германската влада денеска одобри пакет мерки кои имаат цел да го намалат бројот на мигранти што во земјата бараат азил.

Мерките минатата недела ги одобри владејачката коалиција на канцеларката Ангела Меркел, а тие вклучуваат користење посебни центри за брзо процесирање на мигрантите што имаат шанса да добијат азил, што значи дека некои Сиријци подолго ќе чекаат за да им се придружат роднините.

На листата на сигурни земји се ставени Мароко, Алжир и Тунис, со што се олеснува враќањето на мигрантите од тие земји.

Во Германија минатата година се регистрирани речиси 1,1 милион баратели на азил.