Свет Европа Германската полицијата трага по Абдеслам

Германската полицијата трага по Абдеслам

Германската полиција денеска почна акција откако доби дојава дека Салах Абдеслам, еден од осомничените за 13-ноемвриските напади во Париз, се наоѓа на северозападот на Германија. Сепак, засега нема индикации дека е таму.

Полицијата добила дојава дека Абдеслам се наоѓа во областите Минден или Либек, во покраината Северна Рајна-Вестфалија.

– По почетните интензивни претреси, засега нема показатели што би ги потврдиле овие сомнежи – соопшти полицијата, додавајќи дека акцијата и понатаму трае.