Свет Европа Германската полиција надгледува повеќе од 400 милитанти

Германската полиција надгледува повеќе од 400 милитанти

Бројот на милитантните исламисти што од боиштата во Ирак и во Сирија се враќаат во Германија е во постојан пораст и повеќе од 400 од нив во моментов се наоѓаат под полициски надзор, соопшти денеска германската полиција.

Челникот на германската сојузна полиција, Холгер Меунч, за телевизијата АРД рече дека истовремено опаѓа бројот на лицата што од Германија заминуваат во овие две земји за да се борат на страна на милитантни организации, како што е Исламска држава.

Меунч рече дека самоубиствениот напад во Истанбул, во кој се убиени 10 германски туристи, не е знак дека во Германија е поголема заканата од терористички напади отколку претходно.