Свет Европа Германската полиција бара екстремисти меѓу чеченските мигранти

Германската полиција бара екстремисти меѓу чеченските мигранти

Полицијата во Германија спровела рации во пет региони, како дел од истрага за постоење на екстремисти меѓу барателите за азил од рускиот регион Чеченија.

Властите денеска соопштија дека извршени се рации во 13 станбени објекти, како дел во истрагата во која осомничен е 28-годишен неидентификуван руски државјанин од Чеченија, кој планирал да отпатува за Сирија и да им се приклучи на терористичките организации.

Под истрага се уште 13 лица, кои се осомничени за финансирање тероризам. Три од осомничените се жени.

Мажот осомничен дека планирал да замине за Сирија бил под истрага од минатата година.

Германија е во состојба на зголемена готовност, откако во јули беа изведени два напади за кои одговорноста ја презеде Исламска држава.