Свет Европа Германија за шест месеци вратила 11.700 мигранти во Австрија

Германија за шест месеци вратила 11.700 мигранти во Австрија

Бројот на бегалци што германската влада ги одбила на германско-австриската во првите шест месеци од 2016 година изнесувал 11.700 лица.

Германската полиција во периодот од јануари до јули во Австрија вратила 11.700 бегалци, соопшти Министерството за внатрешни работи на Германија.

Со тоа, министерството ги потврди наводите на министерот за внатрешни работи на Австрија, Волфганг Соботка, кој во неодамнешно интервју изјави дека Германија оваа година во Австрија вратила околу 10.000 бегалци.

– Ние ги прифаќаме бидејќи се придржуваме до Даблинскиот договор – истакна Соботка.