Свет Европа Германија: Владејачката коалиција расправа за бегалската криза

Германија: Владејачката коалиција расправа за бегалската криза

Германската владејачка коалиција денеска повторно расправа за решавање на бегалската криза откако демохристијаните на Ангела Меркел и коалициските партнери социјалдемократи на првиот состанок во неделата не успеаја да ги приближат ставовите.

Спорно било прашањето за транзитните зони на границите, односно предлогот да не се дозволува влез на мигрантите ако имаат мали изгледи за добивање азил.

Германците очекуваат дека милион луѓе би можеле да побараат азил во земјата во текот на годинава, што е двојно повеќе од која било претходна година.