Свет Европа Германија: Уапсени двајца осомничени терористи

Германија: Уапсени двајца осомничени терористи

Две лица денеска се уапсени во рамки на антитерористичка рација на германската полиција во Берлин.

Уапсените, кои се на возраст од 41 и 43 години, се осомничени за подготвување напад во Сирија. Полицијата трага по уште две лица, но засега нема докази кои наведуваат дека уапсените подготвувале напади во Германија.