Свет Европа Германија ќе протерува мигранти, вклучувајќи ги и тие од Балканот

Германија ќе протерува мигранти, вклучувајќи ги и тие од Балканот

Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезјер, изјави дека поедноставената процедура за депортација на одбиените баратели на азил ќе стапи на сила овој викенд, една недела пред планираниот рок.

Пакетот мерки што германските пратеници ги одобрија минатата недела, имаат цел да ја намалат формалноста, да ја забрзаат депортацијата и да се намали паричниот надомест.

Голем број лица што ги чека протерување, доаѓаат од земјите на Западен Балкан.

Со новиот законски пакет, ќе се овозможи полесно протерување на граѓаните што доаѓаат од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и од Србија.

Германскиот министер Мезјер изјави дека бројот на депортации ќе биде зголемен, но не кажа за колку. Досега, оваа година биле депортирани 11.000 лица, а доброволно заминале петпати повеќе.