Свет Европа Германија ја повика ЕУ да размисли за турските потерници

Германија ја повика ЕУ да размисли за турските потерници

Германскиот министер за правда, Хајко Мас денеска ја повика ЕУ да преиспита како ќе се однесува кон турските барања за апсења.

Неговата изјава доаѓа после неодамнешното апсење на германскиот писател со турско потекло во Шпанија.

– Најмалку што можеме е да ги интензивираме разговорите внатре во ЕУ за тоа како ќе се однесуваме кон барањата за апсење од Турција – рече Мас и додаде дек Европа не смее да дозволи секој критичар на турскиот режим да биде произволно прогонет.

Германско-турскиот писател Доган Аканли е уапсен пред неколку дена во Шпанија врз основа на потерница од Интерпол, издадена од Турција. Ден подоцна шпанскиот суд му дозволи да се брани од слобода.