Македонија Герила-акција: Кутии со прва помош на детските игралишта

Герила-акција: Кутии со прва помош на детските игралишта

Кутии со прва помош се појавија на детските игралишта низ скопските населби, како дел од герила-акцијата со која се покажува дека местата каде играат децата се уништени и небезбедни.

Речиси секое трето игралиште во Скопје е оштетено или несигурно, а најмногу ги има во скопските населби Карпош, Центар и Кисела Вода, додека во населбите Аеродром и Ново лисиче навидум состојбата е подобра, но таму, пак, игралиштата се направени генерално од метал и од лим (за разлика од дрвото и од обработенте профили што преовладуваат во Центар и во Карпош) кои се многу поотпорни, но се со остри рабови и ќошиња кои сами по себе се опасност за децата. Интересно е дека најодржани (иако стари) се игралиштата во скопските приградските населби како Илинден и Белимбегово.