Македонија ГДОМ: На 5 јуни народот ќе го каже своето

ГДОМ: На 5 јуни народот ќе го каже своето

Неколку илјади граѓани се собраа на улицата Jордан Мијалков, од каде почна протестниот марш на граѓанското здружение ГДОМ и на неговите поддржувачи против аболицијата на Зоран Заев и на Зоран Верушевски.

Пред почетокот на маршот, се обратија актерот Тони Мухајловски, аналитичарот Александар Пандов, поранешниот фудбалски репрезентативец Зоран Бошковски-Чоко.

– Се собравме тука затоа што македонскот народ сака да им порача на оние што сакаат да нè растурат дека на власт може да се дојде само на демократски начин, преку избори – рече Михајловски, додавајќи дека никаде во светот не видел поубава земја, народ, јазик и песна.

Пандов, пак, парача дека трет ден по ред се собираат за да покажат дека протести можат да се организираат на мирен начин со ора, песни и со ширење љубов.

– По два дена неизвесност, денеска добивме убава вест дека изборите се закажани за 5 јуни. Народот тогаш ќе го каже своето – рече Пандов.

Зоран Бошковски пред насобраните граѓани рече дека по осамостојувањето на Македонија, македонските спортисти и фудбалери гордо ги бранеле, ги бранат и ќе ги бранат боите на земјата.

По говорот на Бошковски, Пандов ги повика насобраните граѓани со мирен марш да се упатат кон седиштето на СДСМ.