Македонија Гарет: Сè уште се можни избори на 5 јуни

Гарет: Сè уште се можни избори на 5 јуни

Од прочистувањето на избирачкиот список зависи успешноста на спроведувањето на изборите, порача од Штип британскиот амбасадор, Чарлс Гарет.

Амбасадорот очекува партиите заедно да работат и да го осигураат спроведувањето на фер и регуларни избори.

– Верувам дека изборите сè уште се можни на 5 јуни, но за да се завршат сите обврски, потребно е државата и изборната комисија, политичките лидери и сите релевантни институции да работат заедно. Успешноста на овој процес ќе може да ја извлече Македонија од политичката криза – изјави Гарет.

Според британскиот амбасадор, реформите во медиумите се од клучно значење за секоја демократија.

– Прашањето за медиумските реформи е многу популарно со оглед на тоа дека е многу важно за развојот на една земја. Не е важна само дебатата која постои околу ова прашање, важно е за време на изборите, сите медиуми да работат во согласност со законските регулативи, принципите на доброто новинарство, да известуваат објективно, непристрасно и балансирано за време на изборите – рече Гарет.