Галерија Галијата кај МЕПСО со насип се штити да не заплови по Вардар...

Галијата кај МЕПСО со насип се штити да не заплови по Вардар во пластични шишиња

Дождовите што изминативе два дена го зафатија Скопје и зголемениот водостој на реката Вардар ги загрижија надлежените кои денеска почнаа со активности за заштита на галијата кај МЕПСО од евентуална поплава.

Галијата денеска беше опколена од пластични шишиња, кои надојдените води на Вардар ги носат од сите страни и ги „складираат“ кај една од градбите од проектот „Скопје 2014“.

Попладнево на местото имаше градежна механизација – багери и камиони со песок  – кои поставуваа земјен насип пред „носот“ на галијата, за заштита од поплавување на долните катови и бариера за отпадот во Вардар.