Спорт Спорт Македонија Фудбалската репрезентација без Ибраими против Словачка

Фудбалската репрезентација без Ибраими против Словачка

Агим Ибраими поради пневмонија ќе го пропушти мечот со Словачка

Фудбалерот Агим Ибраими нема да игра на престојниот натпревар против Словачка, во рамки на четвртото квалификациско коло од групата Ц за пласман на Европското првенство во Франција во 2016 година. Како причина за отсуството на Ибраими се наведува дека фудбалерот има пневмонија, а селекторот Бошко Ѓуровски нема да внесе нов фудбалер на негово место. Натпреварот со Словачка, нашата фудбалска репрезентација ќе го игра в сабота, во 20:45, на Градски стадион.