Свет Свет Фронтот Ал нусра ја гранатирал руската амбасада во Дамаск

Фронтот Ал нусра ја гранатирал руската амбасада во Дамаск

Фронтот Ал нусра, кој се бори против владините сили во Сирија, ја гранатирал амбасадата на Русија во Дамаск.

„Спутник“ пренесува соопштение на руското министерство за надворешни работи, во кое се наведува дека минофрлачки оган вчера бил отворен врз дипломатската мисија.

Во нападот не настрадал ниту еден службеник на амбасадата.