Свет Балкан Фронтекс: Опаѓа бројот на мигрантите што доаѓаат во Грција

Фронтекс: Опаѓа бројот на мигрантите што доаѓаат во Грција

Пограничната служба на Европската унија денеска соопшти дека бројот на мигрантите што дошле во Грција нагло опаднал во ноември, што е прво намалување во однос на претходните месеци годинава.

Како причина за намалување на приливот на мигранти во Грција, од Фронтекс ги наведуваат влошените метеоролошки услови и построгите гранични контроли на Западен Балкан.

Во ноември во Грција стигнале 108.000 мигранти, додека претходниот месец стигнале 150.000.

Годинава, до крајот на минатиот месец, пристигнале 715.000 лица, што е за 16 пати повеќе од претходната година, посочуваат од Фронтекс.

Најмногу мигранти стигнале од Сирија, Авганистан и од Ирак.

Од Фронтекс наведуваат дека бројот на мигрантите што од Либија доаѓаат во Италија, во ноември повторно се намалил, односно дека четврти месец по ред се забележува опаѓање.