Македонија ФРОДЕМ со иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста на деловникот

ФРОДЕМ со иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста на деловникот

ФРОДЕМ поднесе иницијатива до Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста на некои одредби од актуелниот деловник на Уставниот суд.

Како што стои во соопштението на ФРОДЕМ, со оваа иницијатива бараат да се поништат  одредби од деловникот на Уставниот суд кои се во директна спротивност со Уставот на Македонија, односно на постапката за заштита на слободите и на правата, постапка за решавање на судир на надлежности и постапката за одземање на имунитетот и за утврдување на трајно загубување на способноста за вршење на функцијата на судија на Уставниот суд.