Македонија ФРОДЕМ: Издавањето еврообврзница од 650 милиони евра е економско злосторство

ФРОДЕМ: Издавањето еврообврзница од 650 милиони евра е економско злосторство

Намерата да се издаде еврообврзница од вртоглави 650 милиони евра е финансиско и економско злосторство врз граѓаните на Република Македонија, реагираат од Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ).

„Владата со која раководи технички премиер за спроведување на изборите, а која е под целосна контрола на вождот во заминување, со ова најново задолжување настојува да обезбеди пари за да купи уште едни избори, без да помисли на последиците. За нив сегашноста и иднината на генерациите што доаѓаат не е битна, единствено им е битно да си ја спасат сопствената кожа со купување на претстојните избори“, пишува во соопштението на ФРОДЕМ.

Од ФРОДЕМ апелираат да не се дозволи реализација на оваа намера за да се направи уште еден поголем злостор врз граѓаните.

„Незаконското јавно задолжување предвидува сериозна кривична одговорност за сите инволвирани учесници во оваа постапка“, се вели во соопштението.