Македонија Фрчкоски поднесе оставка од амбасадор во ООН во Њујорк

Фрчкоски поднесе оставка од амбасадор во ООН во Њујорк

Toj во писмен допис неодамна порача дека се шират лаги за неговото работење и дека притисокот е единствено поради причина што не е „погоден“ на идеологијата на новите власти

Извор на фотографија: Архива, Влада на РСМ

Амбасадорот и постојан претставник на Северна Македонија во ООН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски поднесе оставка, откако неодамна беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи поради наводни финансиски нерегуларности во работењето. Оставката е поднесена до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и известено е МНР.

Toj во писмен допис неодамна порача дека се шират лаги за неговото работење и дека притисокот е единствено поради причина што не е „погоден“ на идеологијата на новите власти.

Фрчкоски на амбасадорката позиција во Њујорк беше назначен во 2022 година.

Указот за неговото назначување го потпиша тогашниот шеф на државата Стево Пендаровски.