Свет Европа Француските контролори за летање ги приземјија авионите

Француските контролори за летање ги приземјија авионите

Околу 40 отсто од летовите во Франција денеска се откажани поради почеток на дводневниот штрајк на контролорите на летање.

Како што јавуваат француските медиуми, синдикатот на вработените во цивилното воздухопловство е незадоволен од условите за работа и од возраста за заминување во пензија, која од 67 е зголемена на 69 години.

„Ер Франс“ соопшти дека штајкот, сепак, не влијае врз прекуокеанските летови и оти 60 отсто од летовите во Европа се реализираат.