Свет Европа Францускиот парламент ќе гласа за признавање на Палестина

Францускиот парламент ќе гласа за признавање на Палестина

Се очекува пратениците да гласаат на 2 декември

За резолуцијата во која се бара од владата да ја признае Палестина како држава, денеска расправаше Долниот дом на парламентот на Франција, а се очекува пратениците да гласаат на 2 декември.

Со текстот, кој го предложија пратениците од Социјалистичката партија, кои го имаат и мнозинството, се повикува владата „да ја признае државата Палестина во поглед на постигнување конечен договор за решавање на конфликтот помеѓу Израел и Палестинците“.