Македонија Француската амбасада во Скопје со едноминутно молчење за жртвите во Париз

Француската амбасада во Скопје со едноминутно молчење за жртвите во Париз

Амбасадата на Република Франција во Скопје, во 12 часот, со едноминутно молчење им оддаде почит на жртвите на терористичките напади во Париз.

Во француската амбасада се отвори и книга на жалоста, која ќе биде отворена од денеска до среда, од 10 до 13 часот.