Свет Европа Француска подморница пронајде сигнал за кој се верува дека е од „Египет...

Француска подморница пронајде сигнал за кој се верува дека е од „Египет ер“

Француската подморница успеа да детектира сигнал во длабочините на Средоземно Море и се претпоставува дека се работи за црната кутија на паднатиот авион „Египет ер“.

Авионот падна минатиот месец, а во него се наоѓаа 66 патници и членови на екипажот кои не успеаја да ја преживеат трагедијата.

Официјални лица од Египет наведоа дека сигналот го детектирала француската подморница „Лаплас“ како и дека потрагата се интензивирала за што побрзо да се најде црната кутија која најверојатно ги има сите податоци за падот на авионот.

Авионот Ербас А320 падна на 19 март околу 170 километри од египетското крајбрежје на Средоземното Море откако претходно полета од парискиот аеродром „Шарл де Гол“.