Свет Европа Франција: Украден накит вреден девет милиони евра

Франција: Украден накит вреден девет милиони евра

Група непознати напаѓачи во текот на ноќта ограбиле два камиона со силно обезбедување, кои превезувале накит на автопатот А6 меѓу Париз и Лион, и побегнале со плен во вредност од девет милиони евра, јавуваат француските медиуми.

Група од 15 вооружени маскирани лица нападнале два камиона на наплатна рампа кај Авалон, околу 200 километри од Париз.

При нападот не е отворен оган и нема повредени, соопшти француското обвинителство.

Разбојничката банда и понатаму е во бегство, а според според информациите што ги пренесоа француските медиуми, напаѓачите побегнале во правец кон Париз и тоа со четири автомобили, кои подоцна полицијата го нашла запалени кај местото Оксроа.