Свет Франција презема иницијатива во борбата против Асад

Франција презема иницијатива во борбата против Асад

Франција ги обвини Сирија и нејзините сојузници дека ја искористиле политичката неизвесност во САД за да поведат сеопшта војна на териториите што се под контрола на бунтовниците и најави итен состанок со земјите кои се противат на претседателот Башар ал Асад.

– Франција презема иницијатива да се спротивстави на стратегиите за сеопшта војна, која ја водат сириската влада и нејзините сојузници, користејќи ја политичката неизвесност во САД – рече министерот за надворешни работи на Франција, Жан Марк Еро, по состанокот на кабинетот.

Еро рече дека состанокот со земјите што се противат на Асад ќе биде одржан следните денови во Париз и оти Франција ќе побара резолуција од Советот за безбедност со која ќе се воведат санкции за сириската влада поради наводите за употреба на хемиско оружје.