Свет Европа Франција: Полицијата ги уби напаѓачите откако заклале свештеник

Франција: Полицијата ги уби напаѓачите откако заклале свештеник

Свештеник е убиен за време на заложничката ситуација во црква во францускиот град Сент Етјен ду Рувај, Северна Франција, соопштија полициски извори. Весникот „Фигаро“ јавува дека напаѓачите му го пресекле гркланот на свештеникот.

Портпаролот на полицијата потврди дека двајцата напаѓачи се убиени.

Според весникот „Пуан“, уште еден верник е убиен, но полицијата засега не ја потврдува информацијата.

Полицијата претходно соопшти дека напаѓачите држеле шест лица како заложници.

Пожарникари, заедно со специјални сили и припадници на единицата за антитероризам веднаш пристигнале на местото на заложничката драма.

Локалните медиуми јавуваат дека верничка ја алармирала полицијата за инцидентот.

Елисејската палата соопшти дека францускиот претседател Франсоа Оланд се упатил кон местото на нападот, како и министерот за внатрешни работи, Бернард Казнев.