Свет Франција: Објавена фотографија од третиот бомбаш-самоубиец

Франција: Објавена фотографија од третиот бомбаш-самоубиец

Француската полиција објави фотографија и од третиот бомбаш-самоубиец, кој се разнесе пред фудбалскиот стадион „Стад де Франс“, за време на терористичкиот напад во Париз.

Полицијата преку социјалните мрежи побара помош од граѓаните за неговото идентификување.

Во меѓувреме, „Би-Би-Си“ објави дека мажот од фотографијата на 3 октомври пристигнал на грчкиот острово Лерос под името М. ал-Махмод, и оти бил со група сириски бегалци и со уште еден напаѓач, кој патувал под името Ахмад ал-Мохамед.