Свет Европа Франција: Нападнати три муслимански места

Франција: Нападнати три муслимански места

Најмалку три муслимански култни места вчеравечер се нападнати по масакрот во парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, во кој беа убиени 12 лица.

Како што јавуваат француските медиуми, три гранати се фрлени врз џамија во западниот француски град Ман, двапати било стрелано врз муслиманска молитвена сала во Пор ла Нувел во Јужна Франција, а експлозија одекнала пред арапски ресторан во Лион, на истокот на Франција.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казенев, апелираше до медиумите да покажат воздржаност по вчерашниот напад и да не објавуваат непроверени информации.