Свет Франција ја враќа Панама на листата земји кои се даночен рај

Франција ја враќа Панама на листата земји кои се даночен рај

Францускиот министер за финансии, Мишел Сапен, денеска соопшти дека официјален Париз повторно ќе ја стави Панама на списокот држави и територии што не соработуваат по прашања од даночната политика.

Одлуката на враќањето на листата доаѓа по објавувањето на „Панама пејперс“, кои открија дека државници и видни бизнисмени затајувале данок и переле пари во Панама.

Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство, врз основа на досиејата што протекоа од панамската компанија „Мосак Фонсека“, почна истрага за офшор-бизнисите на светската елита.