Свет Европа Франција го зголемува надзорот на осомничените џихадисти

Франција го зголемува надзорот на осомничените џихадисти

Француските власти ќе надгледуваат околу 3.000 лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со терористички мрежи, соопшти премиерот на Франција, Мануел Валс, додавајќи дека тоа е дел од новите владини мерки за сузбивање на радикалниот исламизам во земјата.

Влас најави ангажирање на дополнителни 2.680 припадници на полицијата, жандармеријата или разузнавачките служби за да се зголеми безбедноста на земјата, како и одвојување дополнителни 425 милиони евра за борба против екстремизмот.